GORAN BREGOVIC

 

Почитувани, со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека најголемата рок легенда на балканските простори, Горан Бреговиќ, на 23ти Март ќе одржи голем славенички концерт во спортскиот центар"Јане Сандански".

Во годината кога се слави 50 години од основањето на најуспешната ех ју рок  група Бијело Дугме, а само еден ден после неговиот  роденден, Горан Бреговиќ ја прифати нашата понуда да со својот " Оркестар за свадби и погреби"одржи голем славенички концерт.

Ова е уникатна шанса за сите негови фанови во една вечер да ги слушнат најголемите хитови од неговата кариера!

Бидете дел од овој голем славенички концерт!

Важно, Бреговиќ порачува, не носете поклони Вие сте мојот најголем Роденденски поклон, дојдете во што поголем број Ви ветувам невероватен спектакл " Ко не полуди, није нормалан"