Глобален Лидерски Самит

Карти во продажба

    

  

Искористи ја  СУПЕР РАНАТА РЕГИСТРАЦИЈА (билет/1000 денари односно 45% ЗАШТЕДА) и биди дел од најголемиот светска лидерски самит кој по 5ти пат ќе се одржи во Македонија!

Води таму каде што си!

• БИЗНИС • ОБРАЗОВАНИЕ • ПОЛИТИКА • ВЕРА • НЕВЛАДИН СЕКТОР •

Глобализацијата ни наложи потреба од дијалог, соработка, едукација и обединување со една заедничка цел - процут и благосостојба на секој човек и во секој дел од светот.

Бил Хајбелс е глобален водач со исклучителна визија. Негова животна определба е изградба на иновативни водачи подготвени да се фатат во костец со најкомплексните глобални предизвици. Енергијата за овој потфат ја црпи од увереноста дека секој поединец или организација има одговорност да вложи во изградбата на сопствените лидерски капацитети и да ги вгради во изградбата на просперитетен свет.

Ваквата визија тој ја спроведува преку водечката светска лидерска платформа Глобален Лидерски Самит (ГЛС) - христијанска видеокаст конференција која ја започна и води преку својата Willow Creek Community Church (Чикаго). ГЛС има мисија на секој човек на планетава да му обезбеди пристап до најновите согледувања и препораки на најдобрите експерти, по најприфатлива цена.

Твое е да ја искористиш ваквата можност, и да вложиш во себеси и во својот тим преку платформа која гарантира успешен исход.

Затоа, регистрирај се да биди дел од Глобалниот Лидерски Самит кој оваа година ќе се одржи во 128 земји, 1375+ сајтови и ќе обедини над 400 000 учесници спремни да вложат во своите човечки и лидерски капацитети.

Датум: 11ти Ноември, 2017

Место: х. Александар Палас 

Време: 09:30-16:30 

Повеќе информации:

• www.glsmacedonia.org • gls.macedonia@gmail.com •

 

• Избран дел од горенаведените говорници ќе бидат дел од македонскиот ГЛС видеокаст.