Фолк Фест Роса 2024

Карти во продажба

По 24-ти пат, фестивалот кој создаде и обнароди стотина хитови - ФОЛК ФЕСТ РОСА!

Најдобрите музичари на македонската фолк естрада настапуваат само за Вас!

На 5 март во Домот на Армијата во Скопје, со почеток во 20ч. ќе можете премиерно да уживате во новите фолк рефрени напишани од перата на најдобрите домашни композитори и текстописци.
Фестивалот е од ревијален карактер и повторно, како и секоја година, така и овојпат ќе бидат доделени 3 награди за животно дело.
Не ја пропуштајте можноста да бидете жив сведок на првата изведба на следниот безвременски хит!

Цена на карта: 300 ден.