Skopje Calling 2018 - FAITHLESS DJ SET - SISTER BLISS

Карти во продажба

Како што веќе знаете, ALAN WALKER е ултимативниот хедлајнер во првиот викенд на фестивалот SKOPJE CALLING, на 02-ри јуни 2018.

Авалон Продукција сепак се погрижи забавата да продолжи и во недела, на 03-ти јуни, за што успеавме да го потврдиме и шоуто FAITHLESS DJ SET со SISTER BLISS.

Во изминативе две години, кога FAITHLESS мируваа со настапите во живо, нивниот препознатлив звук низ светот низ многуте светски музички фестивали го шири SISTER BLISS токму со овој проект.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по цена од 600 денари.

Ве информираме дека истиот ден ќе бидат пуштени и блок влезници за ALAN WALKER и SISTER BLISS по цена од 1.300 денари.