ЃУРОЛОГИЈА ОДЛОЖЕНА ЗА НАЕСЕН

durologija

Драги пријатели,

Со големо жалење сме приморани да ги откажеме двете претстави за „Ѓурологија“ (на 05 и 06-ти јуни) од технички причини.
Новите термини ќе ги објавиме во текот на месец септември, а претставите ќе се одржат во октомври или во ноември, на истата локација.
Сите оние што веќе купиле влезници, сакаме да ги информираме дека истите ќе им важат и за новите термини за „Ѓурологија“ или пак, доколку сакаат да им бидат вратени парите, тоа ќе можат да го сторат со приложување на влезниците, на продажните места од каде што ги имаат купено. Оние кои имаат купено онлајн билети, должни се да ги испратат бројот на онлајн нарачката и датумот на трансакцијата на contact@kupikartizase.com и парите ќе им бидат вратени.

Авалон Продукција

 

После Chippendales, Авалон Продукција со задоволство Ви го најавува вториот проект од областа на entertaiment-от- авторскиот хит „Ѓурологија“ на легендарниот босански актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, која во моментов е најгледана претстава на подрачјето на поранешна Југославија!

Популарниот и наградуван сараевски актер, режисер, хуморист, „надреалиста“- со еден збор, човекот институција Бранко Ѓуриќ - Ѓуро, доаѓа во Скопје да ја разбие целата монотонија, и тоа со две ексклузивни шоуа, на 05 и 06 јуни во, за оваа пригода, навистина феноменалниот простор на Македонската Опера и Балет.

Се работи за навистина ексклузивни шоуа со мал капацитет, доколку се земе во предвид дека Ѓуро во последниве неколку години, буквално полни и спортски арени како на Балканот, така и во Америка и Канада.

Со босански шарм и долгогодишно актерско искуство, кое посебно се истакна во култниот проект „Топ листа надреалиста“, публиката дефинитивно ќе ужива во претставата „Ѓурологија“.

Бранко Ѓуриќ- Ѓуро секогаш е актуелен и забавен, па по 25-годишна кариера се чини дека дури и не мора да направи нешто ново- тука се: „Топ листа надреалиста“, легендарните стари филмови, хитовите на „Бомбај штампа“… Иако самиот вели дека квалитетот на хуморот не е променет, туку луѓето денес поретко се смеат, со својот нов хит „Ѓурологија“ тој го покори регионот со смеењето како значајна терапија против суровото секојдневие.

 

Влезниците  преку продажната мрежа на Купи Карти За Се

mob nova mapa

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!