Duke & Friends ВТОР КОНЦЕРТ
Ве информираме дека поради големата заинтересираност Авалон продукција ви најавува втор концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје. Истиот ќе се одржи на 21 февруари, недела, повторно во Метрополис Арена, со почеток во 21 часот. Билетите за концертниот проект „Дуке и пријателите“ можат да се купат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се (освен на продажните места на Макпетрол) и онлајн на www.kupikartizase.com.
Со секоја купена карта следува подарок DVD од концертот кој се одржа лани на Античкиот театар во Охрид, кое се подига на самиот влез на концертот.
По незаборавниот концерт во „Карнеги хол“, извонредниот Дуке Бојаџиев ќе настапи пред македонската публика. Како специјални гости со Дуке на сцена ќе настапат неговите пријатели Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Исмаил Лумановски, Тања Царовска, Никола Ристановски, Матијас Кунзли и Костас Анастасиадис.
Извонредно отворање на новата концертна сезона во Македонија.