DAVID GARRETT

DAVID GARRETT за прв пат со својата crossover програма во Македонија

DAVID GARRETT, со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE, објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10 годишнина од неговите crossover изведби. Одговарајќи на повиците на неговата група на фанови во Македонија која е се во поголем број, тој за прв пат ќе ја донесе својата спектакуларна crossover програма во Скопје во Септември 2019 година!

"НЕОГРАНИЧЕНО" не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот. Секој што го познава David Garrett знае дека неговата креативност е неограничена. Со својата страст за музика успеа не само да создаде сосема нова публика за crossover, туку и за класична музика. Неговите изведби на рок хитови како што се "Purple Rain" или "Smells Like Teen Spirit", неговите верзии на песни како " Nothing Else Matters " и "November Rain" , новиот спин на светски познатите поп хитови како "Viva la vida "или" Hey Jude ", како и неговите аранжмани на класични песни како што се Beethoven's "5th" или  " Clair de Lune " , ја креваат целата публика на нозе.

Продажбата на билети за турнејата " UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE " во Скопје ќе се започне на 20.02.2019 година преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

"Со нетрпение ја очекувам турнејата"–UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE " 2019 , и повеќе од кога и да е, сакам да ги однесам моите обожаватели на едно возбудливо музичко патување", вели David Garrett. "Заедно со мојата група, моите пријатели и обожаватели, сакам да ја  прославувиме музиката, како и изминатите десет години".

За повеќе од една деценија од неговата меѓународна crossover кариера, David Garrett секој нареден пат се надминуваше себеси. Со  неговата турнејата "EXPLOSIVE LIVE", продаде повеќе од 400.000 билети во 20 земји. Paganini меѓу поп-ѕвездите и Jimi Hendrix меѓу виолинистите, David Garrett е "ѓаволски виолинист" од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и Металика. Заслужен за равој на модерниот crossover тренд, со неговото исклучително виртуознo свирење, David Garrett е подеднакво свој како во изведбата на најсложените класични композиции со водечките светски диригенти и оркестри, така и во изведба на најпознатите рок хитови. Обожаван од милиони обожаватели низ целиот свет, David Garrett, досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други. Со својата харизма на рок-ѕвезда и вродена виртуозност тоа е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време.

Не ја пропуштајте највозбудливата вечер со DAVID GARRETT И НЕГОВИОТ БЕНД! Бидете спремни за една уникатна crossover програма, најдобрите рок песни, како и емоционални балади и се разбира, по малку извонредна класична музика. Обезбедете ги што побрзо вашите билети за шоуто на годината!