Danny Howells

Карти во продажба

По десет години од последниот настап во Македонија, еден од најистакнатите глобтротери на хаус музиката - Danny Howells на 4 август доаѓа на Плажа Оревче!

Журката официјално започнува во 22 часот.

Диџејот со 30-годишно искуство, чии звуци се редовно на репертоарот на најдобрите светски клубови, подготвува специјален, незаборавен четиричасовен сет на брегот на Охридското езеро!

Сите приходи од настапот на Danny Howells одат во поддршка на Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ)

Жиро-сметка за дополнителни донации:
ААПЖ Скопје
210 066786960188
Тутунска банка