Човекот-делфин

Карти во продажба

А сега замисли си дека си делфин и дека живееш слободно според своите потреби. Во секој од нас спие по еден делфин“, вели човекот кој ги помести границите на човечкото тело и ум, но не заради рекордите, ами заради слободата што се раѓа во длабокото, каде што синото повеќе не е сино, каде што небото и чувствата стануваат сеќавања, каде што тишината е потполна, а времето не постои.

Поради големот интерес, приказната за „Човекот-делфин“ ќе ја раскажеме по втор пат

12 декември, Кино Култура, почеток 20 часот. Билети: 100 ден.

Ова е воодушевувачката приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон.

Кој би рекол дека оддалечувањето од површината, каде што сè ни е познато, значи доближување до себеси и до морето од каде што сме излегле? Кој би рекол дека спокој е можен кога кислородот ни е ограничен? Кој би рекол дека задржувањето на здивот може да ни ги наполни градите со слобода?  

Dolphin Man / 2017 / 78’

Франција, Италија

Режисер: Lefteris Charitos

Сценарио: Lefteris Charitos, Yuri Averof

Наратор: Jean-Marc Barr

Снимател: Stelios Apostolopoulos

Монтажа: David Kazala

Музика: Mathieu Lamboley

Продукција: Rea Apostolides, Yuri Averof, Ed Barreveld and Estelle Robin

Бујрум!