Часови за готвење слоу фуд час 3

Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ на менито ви нуди нова тура од 5  часови за готвење со инструктори-професионални готвачи.

Следно на менито на „Часови за готвење слоу фуд“ е часот „Месеници од тефтерот на баба“ кој ќе се одржи на 09. 02.2019 (сабота) во 15:00 часот.

На овој час повторно ќе диригира искусната кулинарска палка на шеф Маре Јаневска, а вие ќе имате можност да:

-  ги совладате вештините на месење  и сукање

- направите пита со сирење

- подгответе домашни пита лепчиња

- испечете свој колач со јаболка

На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ ќе бидат во улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош.

На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници.

Цена: 1200 ден.

Со секој купен ваучер учесниците добиваат: намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.

За повеќе информации посетете го линкот или побарајте нè на следниве броеви:

077/855 832 или 070/537 384.