Брод Галеб

 

Ви го претставуваме бродот Галеб најмодерниот, најлуксузниот и најопремениот брод во Република Македонија. Екипажот на бродот ќе се погрижи Вашиот престој на него да биде забавен и со содржина, да го надополни Вашиот одмор во Охрид и да придонесе овој прекрасен град да остане незаборавен и на него да се сеќавате по убави спомени.

Екскурзијата почнува од Охридското пристаниште во 11:00 часот и се патува долж источната обала до Св Наум.(1:15мин)
За време на пловењето имате уникатна можност да ги разгледате Охрид од вода,Титовата Вила(сега владина), плажите, хотелите, рибарските села Пештани и Трпејца, планината Галичица, Заум, а на половина пат има застанување на Музеј на Вода (Bay Of Bones) заливот на коските каде има пауза од 20 минути за да се разгледа ова преисториско живеалиште и неговите содржини.
Во Св Наум бродот пристигнува во 12:45ч.
Таму има време да се посетат манастирот и црквите, изворите на Охридското Езеро, може да ручате во некој од 4те ресторани или да ги посетите плажите.
За Охрид се поаѓа во 15:30ч. 
и се патува 1час и 15 минути.
Бродската карта чини 600 денари.
Билетот може да се искористи било кој ден во периодот од Јуни до Октомври, во деновите на поаѓање. Влезот е гарантиран се до исполнување на бродскиот капацитет од 150 луѓе. Доколку не сте во можност да ја искористите истата можете да ја предадете на друго лице.

Бродот патува во сезоната во секој Понеделник, Среда, Четврток, Сабота и Недела.
Доколку има промени за времето и датумот на поаѓање известување има на нашиот пункт на самото пристаниште и на Facebook.
Бродот е климатизиран, има машки и женски тоалети,бар,палуба и wi-fi интернет. Капацитетот е за 150 лица.
Регистриран и сертифициран е од реномираните Белгиски Биро Веритас.
Веб: www.shipgaleb.com.mk
Инфо има на нашиот пункт на самото пристаниште и на Facebook страната на бродот.