BIJELO DUGME

Задоволство ни е да ве информираме дека после историскиот и распродаден коцерт на BIJELO DUGME во Скопје пред повеќе од 10.000 посетители, Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ- Тифа и Ален Исламовиќ, повторно се враќаат во Македонија, овој пат на голем open air концерт во Охрид, на 04-ти август (петок) на стадионот „Билјанини извори“.
Ова е прв open air концерт на најголемиот и најуспешен балкански музички бенд и бренд на сите времиња, после навистина долго време.
Влезнците ќе бидат пуштени во продажба од четврток, по следниве цени и категории: 

ПАРТЕР 600 денари

ФАН ПИТ 900 денари

ВИП 1500 денари 

Концертот ќе биде продукциски на ниво на светските концерти, по сите светски стандарди, ќе трае повеќе од 2ипол часа, а ќе започне во 22:30 часот.

 

Се гледаме во Охрид со сите фанови на BIJELO DUGME ширум Македонија, на 04, август!