Apocalyptica

ПРАЗНИК ЗА ПУБЛИКАТА НА APOCALYPTICA И METALLICA И ЗА ЦЕЛАТА УРБАНА МАКЕДОНИЈА:

APOCALYPTICA performing METALLICA by four cellos во Скопје!

 

apocalypticaОгромно задоволство ни е да ви го најавиме првиот голем проект за 2017-та година на Авалон Продукција - една од најжестоките светски лајв атракции Apocalyptica доаѓа во Скопје!

Интензивниот и експлозивен бенд Apocalyptica повторно доаѓа во Скопје, овој пат со својата досега најатрактивна турнеја со наслов „20 years of Plays Metallica by four cellos“, на 5-ти април 2017 година, со почеток во 20:30 часот.

Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, Apocalyptica стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica  докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. 

Во чест на 20 годишнината од излегувањето на деби албумот „Plays Metallica By Four Cellos“, финските челисти објавија и албум во кој се вклучени и досега необјавени верзии од легендарните хитови на Metallica- „Battery“, „Nothing else matters“ и „Seek and Destroy“.

Поради фактот што минатиот пат салата во СРЦ Кале беше претесна, овој пат спектаклот се сели во ВИП Арената.

Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од среда преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по следниве цени

boris trajkovskiпартер - 400 денари
фан пит - 600 денари
silver seats - 600 денари
golden seats - 800 денари
vip - 1000 денари



 

 

 

 

 

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!