Algiers

Карти во продажба

Со големо задоволство го најавуваме концертот на еден од најактуелните нови бендови на сцената - Algiers од Atlanta, Georgia (USA).

02 февруари 2018 (ПЕТОК), МКЦ Скопје. 

Билети можете да набавите преку продажната мрежа Купи Карти За Се.

од 28.11 до 31.12 по цена од 250 денари

од 01.01.2018 цена на билет 350 денари 

 

Algiers се политички „трезвено“ инди-рок трио што комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз, госпел па дури и рана индустриска музика. Опстојуваат помеѓу Њујорк и Лондон. Почнуваат со работа во 2009 во Атланта, Џорџија кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз сцена, го среќаваат вокалистот и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остар фанк. Сите членови на бендот свират перкусии и клавијатури и програмираат тапани. Нивните песни активно се занимаваат со критика на културата преку коментар за традициите во политичките, социјалните и религиозни сфери.