Ohrid Calling: Afrojack

Карти во продажба

afrojack

Суперстар диџејот Аfrojack премиерно во мМакедонија ноќ спроти Илинден на Оhrid Сalling 2017!

Сакаме да ве информираме дека еден од најпознатите светски музички артисти на денешницата, суперпопуларниот диџеј AFROJACK, премиерно ќе настапи ова лето во Македонија, и тоа на второто издание на фестивалот OHRID CALLING 2017, ноќ спроти Илинден, на 01 август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Поради фактот што AFROJACK е еден од најтиражните изведувачи на дeнешницата, а воедно можеби и највлијателниот диџеј и продуцент, неговото доаѓање во Македонија со нетрпение се очекуваше во целиот регион. Зад себе има Греми награда, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ 10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј листи.

Nick van de Wall, во јавноста познат како AFROJACK е помеѓудругото е познат и со соработките со David Guetta, Beyonce, Pitbull, Ne-Yo, Nicki Minaj и Skrillex, коишто се само дел од светски познатите музичари со кои тој досега соработувал. Светската популарност ја стекнува со првиот албум, насловен „Forget the World“ кој го лансираше во ѕвездите и му го осигура место на сите големи светски и европски фестивали, како: Ultra Music Festivals, Tomorrowland, а тука се и редовните резидент свирки во клубовите низ Ибица.

На првиот фестивалски ден на кој како главна ѕвезда ќе настапи популарниот AFROJACK, шоуто ќе го отвори младиот и талентиран диџеј RAVITEZ.

DJ RAVITEZ е млад диџеј од Холандија, чија кариера започнува пред 7 години. Неговата работа и страст кон музиката првично ја забележува тимот на Nicky Romero од Protocol Recordings, а потоа и AFROJACK кој го зема во неговиот тим, давајќи му привилегија да ја дели сцената со некои од најголеми имиња на светската електронска сцена и со него е придружуван на турнеите по светот и фестивалите како: Ultra Music Festival (Мајами), Tomorrowland (Белгија), EDC (Лас Вегас), Untold Festival (Романија) и многу други

Билетите за фестивалот OHRID CALLING ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (24.04.2017) преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн, по цени од:

1000 денари ПАРТЕР
1.500 денари ФАН ПИТ
1.500 денари ВИП
2.000 денари УЛТРА ВИП

БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА ДВАТА ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНА:

1.500 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ПАРТЕР
2.000 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ФАН ПИТ

ohrid calling mapa

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!