Политика на приватност

Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“ Службен весник на Република Македонија” бр.7/05 и 103/08).

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пример, вашето име, вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. КУПИ КАРТИ ЗА СЕ не прибира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример, да купите влезница, да се пријавувате за е-весникот или да се пријавувате за добивање вести и известувања преку СМС.

Користење и чување на личните податоци

КУПИ КАРТИ ЗА СЕ ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на е-продавницата, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. Вашите лични податоци ќе бидат искористени за точна и навремена испорака на влезниците, за анализа и подобрување на нашиот веб сајт, како и за подобрување на понудата на влезници и други ваши барање во иднина. КУПИ КАРТИ ЗА СЕ нема да ги продаде ниту открие вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот!!!. Вработените во КУПИ КАРТИ ЗА СЕ се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Слобода на Избор

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ, ве молиме имајте предвид дека можеби нема да ви бидат достапни некои делови од е-продавницата, како ни можноста за купување на влезниците. Корисниците кои ќе одлучат да се одјават од нашиот е-весник тоа можат да го направат преку својот личен профил на е-продавницата. На веб сајтот се прибираат и автоматски податоци (не-лични податоци). Како на пример кога ќе се вклучите на е-продавницата на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страницата) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата е-продавница и за подобрување на содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се откриваат на трета страна.

Cookies

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ. КУПИ КАРТИ ЗА СЕ ги користи Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата е-продавница.

Безбедност

КУПИ КАРТИ ЗА СЕ се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

Малолетници

КУПИ КАРТИ ЗА СЕ им препорачува на сите родители и старатели да ги учат своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да му даваат лични податоци на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ без дозвола од своите родители или старатели. КУПИ КАРТИ ЗА СЕ никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.

Врски со други интернет страници

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на официјалните страници хостирани од КУПИ КАРТИ ЗА СЕ. Интернет страниците под оваа страница може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од е-продавницата на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува на нив. Кога ќе ја напуштите е-продавницата на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.

Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не contact@kupikartizase.com На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на е-продавницата на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ.

Објавување на промени

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Последна промена

април 2011 г. Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци. Никогаш нема да ги делиме со трета страна, освен ако законот го бара тоа од нас. Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност, со исклучок на пораки поврзани со купувањето.