26.04.2017
МНТ
26.04.2017
Скопје, Македонија

Животот на Молиер

zivotot na molierЖивотот на Молиер
26 април, МНТ, почеток 20 часот

од Михаил Булгаков

Режисер: Александар Поповски
Костимограф: Снежана Пешиќ – Раиќ
Сценограф: Свен Јонке
Извршен продуцент: Виктор Рубен
Избор на музика: Александар Поповски
Асистент на режисерот: Лука Кортина


Времетраење: 120 минути
Пауза: Да
Сцена: Голема

Актерска екипа:

Никола Ристановски – Жан-Батист Поклен де Молиер, познат драматург и автор
Сашка Димитровска – Медлен Бежар, актерка на де Молиер
Емил Рубен – Шарл-Вадле де Лагранж, актер со прекар „Регистар“, Отецот Вертоломеј, скитник – проповедник
Драгана Костадиновска – Луј Велики, кралот на Франција
Оливер Митковски – Жан Жан Бутон, згаснувач на свеќи и слуга на Молиер
Марија Новак – Мариета Ривал, актерка на Молиер
Нина Деан Гачиќ – Аманда Бежар, актерка на де Молиер
Игор Ангелов – Маркизот де Шарон, кариналот на град Париз
Дениз Абдула – Захарија Моарон, познат актер – љубовник
Никола Ацески – Маркизот де Орсињи, дуелант со прекар „Еднооки, помоли се!“

„Зошто токму Молиер? Тешко е да се одговори на ова прашање. Јас го читам Молиер повторно и повторно, го сакам уште од детството. Молиер имаше големо влијание врз моето формирање како писател. Чинам дека секогаш ме привлекувала неговата комплексна личност: учител на цели генерации драматичари, голем актер, ненадминат комичар, режисер… Напоредно, во личниот живот, тој е несреќник, меланхолик, сосема трагичен човек…“ - Михаил Булгаков

Животот на Жан Баптист Поклен де Молиер во изведба на театарската трупа на МНТ под водство на Михаил Булгаков, спомнатиот де Молиер и Александар Поповски

Ние не сме луѓе…ние сме привид…Ние сме онаа материја од која соништата се создадени…Кога ќе не ранат, ние не крвариме. Кога ќе не убијат, ние не умираме…

Што е душата на глумецот? Промаја, ладен воздух кој се крие во позајмениот костум. Ние не сме сигурни дека постоиме. За да поверувам во тоа треба, да ми аплаудираат. Ми аплаудираат, значи постојам. Вистинскиот живот бара тежина, постојаност, додека сцената од нас бара да бидеме лесни…прозрачни.

Ние вам ви го оставаме животот, вие нам оставете ни ја сцената.

Глумецот има само една љубовница…сцената…онаму каде што сакаме да живееме и на која сонуваме дека ќе умреме, како Молиер…за да биде и нашата последна геста голем спектакл…

mnt mapa

 

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!







Bel Raj Miravci Opening

Бел Рај

28.04.2017 - 01.05.2017

Lord Finesse

МКЦ, денсинг сала 25 мај

07.05.2017

MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE

Манастир Св. Илија

12.05.2017 - 14.05.2017

Школа за љубавнике Куманово

Центар за култура Трајко Прокопиев

12.05.2017

BONGZILLA

МКЦ, денсинг сала 25 мај

12.05.2017