15.05.2017
Вип Арена (Борис Трајковски)
15.05.2017
Скопје, Македонија

Vanessa Mae

За прв пат во Македонија најпознатата виолинистка на сите времиња - Ванеса Меј

vanessa maeВанеса Меј Венкорн Николсон професионално позната како Ванеса Меј е британска мега популарна виолинистка.

Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана како “Чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња.  Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на свои 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот “Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ листите во над 20 земји од светот.

Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми.

Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски.

Особено остава впечаток со нејзината изведба на “Toccata and Fugue” на Јохан Себастијан Бах во Д Мол, која е копирана низ целиот свет.

Ванеса е првиот изведувач на  класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата “Најдобар женски изведувач”. Во 2006 година e рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот, што е вистинска реткост за еден виолинист.

На своите концерти Ванеса свири на два типа виолини, и тоа, класичен модел на Guadagnini од 1961 чија вредност се проценува на 150 илјади фунти и електрична виолина Zeta Јеzz, со чија комбинација приредува едно незаборавно уживање на публиката насекаде низ светот.

Ванеса Меј за прв пат доаѓа во Македонија, каде ќе се претстави пред публиката во Вип Арена Борис Трајковски на 15ти мај 2017 во Скопје. Годинава тоа ќе биде нејзин единствен концерт во регионот. Концертот е во организација на Прагма Продукција, а е поддржан од Министерство за Култура на Република Македонија и Македонската Филхармонија.

Билетите за концертот кои се во ограничен број, можете да ги купите на сите продажни места на КупиКартиЗаСе.

vanessa mae mapa

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!


Карти во продажба

Bel Raj Miravci Opening

Бел Рај

28.04.2017 - 01.05.2017

Lord Finesse

МКЦ, денсинг сала 25 мај

07.05.2017

MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE

Манастир Св. Илија

12.05.2017 - 14.05.2017

Школа за љубавнике Куманово

Центар за култура Трајко Прокопиев

12.05.2017

BONGZILLA

МКЦ, денсинг сала 25 мај

12.05.2017