12.05.2017
Центар за култура Трајко Прокопиев
12.05.2017
Куманово, Македонија

Школа за љубавнике Куманово

skola za ljubavnike kumanovoПроверете зошто „Школа за љубавнике“ е најгледаната претстава за 2016 година во Србија и зошто повеќе од 4000 љубители на добрата тетатарска претстава ја имаат погледнато кај нас. После играњата во Скопје, Штип, Битола и Прилеп, претставата гостува и во вашиот град.

12 мај – Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, почеток 20 ч.

Текст и режија: Бојан Стојчетовиќ
Алберто Верони – Милан Васиќ
Марина Верони – Јелена Ракочевиќ Цекиќ
Адвокат Томазо – Милан Калиниќ
Розина – Александра Цуциќ
Професор Џовани – Бојан Стојчетовиќ

Обраќање на режисерот:

Љубовни триаголници. Колку само претстави сме се изнагледале на таа тема. Ништо ново би кажале. И тука главните ликови покренуваат желба за промени. Желбата се претвора во идеја, идејата во реализација, реализацијата во изненадување, изненадувањето во проблем, а проблемот во катастрофа! Звучи познато?

Но љубовен триаголник со два учесници, навидум е невозможен и математички непризнат. Среќна околност е што во театарот сè е возможно.

Да се побегне од популарното сфаќање на комедијата, беше императивот со којшто ја започнавме оваа приказна. Да се наведе гледачот да изгледа нешто што не е виц, а на крајот да се смее, уште на почеток изгледаше како на театарски чин. Делува подразбирливо, но само доколку се работи за продукција на некоја сериозна театарска куќа. Меѓутоа склопот на уметници поединци, без финансиска помош, решија комедијата да ја вратат на своето место. Со исклучителен минимализам. Е тоа е зафат, повеќе од вреден за внимание. Добивме сериозна претстава. Добивме урнебесна комедија. Добивме врвен глумачки израз. Го добивме тоа што го баравме. А тоа публиката, сигурен сум, ќе умее да го препознае и поздрави.

Дејствието се одвива во Италија, во доцните 50-ти. Маж и жена коишто се многу успешни во сè што прават, запаѓаат во брачна криза како резултат на рутината којашто станува главен дел од нивниот живот. Потребата да се излезе што поскоро од тој магичен круг, доведуваат до пар одлуки коишто ќе им го променат животот. Наизглед обичните брачни проблеми ќе се претворат во комплицирани ситуации, коишто ќе пробаат да ги решат на најкомичен начин. Како што секоја равенка има една или две непознати, кај нив ќе се јави и трета непозната којашто само дополнително ќе ја искомплицира целата ситуација. Крајно чудната слугинка, пријателот адвокат и најмениот професор, за уште почудното школо, ќе се потрудат комплицираното да го доведат во неподносливо, а неподносливото во реално незамисливо. На брилијантен и комичен начин Милан Васиќ и Јелена Ракочевиќ не враќаат во времето кога  можното било невозможно. Милан Калиниќ каков што до сега не сте го виделе, со ниту еден кажан збор предизвикува позитивна реакција кај публиката, додека Александра Цуциќ и Бојан Стојчетовиќ не потсетуваат зошто негативците можат да бидат најпозитивни.

Претстава којашто го вади најдоброто од глумците, не се служи со трикови за да и се допадне на публиката, претстава којашто секој би посакал да ја изгледа уште еднаш.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 400 денари.

 







Карти во продажба

Bel Raj Miravci Opening

Бел Рај

28.04.2017 - 01.05.2017

Lord Finesse

МКЦ, денсинг сала 25 мај

07.05.2017

MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE

Манастир Св. Илија

12.05.2017 - 14.05.2017

Школа за љубавнике Куманово

Центар за култура Трајко Прокопиев

12.05.2017

BONGZILLA

МКЦ, денсинг сала 25 мај

12.05.2017