05.06.2017
МОБ
06.06.2017
Скопје, Македонија

Ѓурологија

durologijaПосле Chippendales, Авалон Продукција со задоволство Ви го најавува вториот проект од областа на entertaiment-от- авторскиот хит „Ѓурологија“ на легендарниот босански актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, која во моментов е најгледана претстава на подрачјето на поранешна Југославија!

Популарниот и наградуван сараевски актер, режисер, хуморист, „надреалиста“- со еден збор, човекот институција Бранко Ѓуриќ - Ѓуро, доаѓа во Скопје да ја разбие целата монотонија, и тоа со две ексклузивни шоуа, на 05 и 06 јуни во, за оваа пригода, навистина феноменалниот простор на Македонската Опера и Балет.

Се работи за навистина ексклузивни шоуа со мал капацитет, доколку се земе во предвид дека Ѓуро во последниве неколку години, буквално полни и спортски арени како на Балканот, така и во Америка и Канада.

Со босански шарм и долгогодишно актерско искуство, кое посебно се истакна во култниот проект „Топ листа надреалиста“, публиката дефинитивно ќе ужива во претставата „Ѓурологија“.

Бранко Ѓуриќ- Ѓуро секогаш е актуелен и забавен, па по 25-годишна кариера се чини дека дури и не мора да направи нешто ново- тука се: „Топ листа надреалиста“, легендарните стари филмови, хитовите на „Бомбај штампа“… Иако самиот вели дека квалитетот на хуморот не е променет, туку луѓето денес поретко се смеат, со својот нов хит „Ѓурологија“ тој го покори регионот со смеењето како значајна терапија против суровото секојдневие.

 

Влезниците  преку продажната мрежа на Купи Карти За Се

mob nova mapa

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!


Карти во продажба

Bel Raj Miravci Opening

Бел Рај

28.04.2017 - 01.05.2017

Lord Finesse

МКЦ, денсинг сала 25 мај

07.05.2017

MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE

Манастир Св. Илија

12.05.2017 - 14.05.2017

Школа за љубавнике Куманово

Центар за култура Трајко Прокопиев

12.05.2017

BONGZILLA

МКЦ, денсинг сала 25 мај

12.05.2017